Екипа на ЈП Градски Пазар Охрид со поддршка на Општина Охрид деновиве во акција на чистење на автобуските постојки и враќање на нивниот првобитен изглед.
Бидејќи во изминатиов период беше забележана извесна појава на вандализам врз поставените автобуски постојки како дел од јавните добра во градов, сметаме дека ваквото однесување е недозволиво при што се нарушува јавниот изглед и се прават непотребни трошоци за санирање на направената штета, велат од претпријатието.
Упатуваат апел до сите совесни граѓани да допринесат за општото добро на сите и на градот Охрид, со посебна грижа кон јавните добра.
OhridNews












