Во рамки на предвидените активности за работа, надлежните служби за одржување на канализационата и атмосферска мрежа при ЈП „Нискоградба“ денеска започнаа со чистење и профилактика на цевководи и шахти на улицата „Спас Банџов“.

Екипи на јавното претпријатие изведуваат градежни активности и на улицата „Галичица“. Просторно се уредува површина со бехатонска подлога од 300 метри квадратни. Од локалната самоуправа потенцираат дека изведбата ќе придонесе за уредување на дел од урбаната заедница како и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на тој дел од Охрид.

OhridNews