Извршено е комплетно чистење на каналската мрежа во должина од 1,5 километри , а се нивелираат и тампонираат и повеќе пристапни патишта преку кои жителите со земјоделската механизација одат до нивните имоти.
Градежните активности во Долно Лакочереј се дел од програмата за комунален развој на Општина Охрид за тековнава година, информираат од локалната самоуправа.