Со механизација вчера започна чистењето на каналите во Горица кои се обраснати со џбунови и дрвја. Се чисти и просторот покрај рекреативната патека, кој исто така е обраснат со ниска шума. Чистењето на каналите во Горица е дел од подготовките на градот за претстојната туристичка сезона, а градежните работи на иницијатива на локалната самоуправа ги извршува компанијата „Ина трејд Лоте“.


Градежната компанија „Ина трејд Лоте“ почна со чистење на каналите во Горица

OhridNews