Екипите на “Јавна Хигиена” и “Паркови и зеленило” вчера од раните утрински часови излегоа на терен и ги расчистуваа тротоарите со посипување на абразивни средства, како во централното градско подрачје, така и во периферијата. Исто така, заради превенција од кршење на гранки и други оштетувања се отстранува снегот од гранките на дрвата.
Ниските температури го отежнуваат расчистувањето на коловозите и тротоарите, поради што на граѓаните им се препорачува да бидат крајно внимателни при возење или движење пеш.