Околу 30 метри кубни отпад исчистиле денеска екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ на градскиот кеј во близина на Холандскиот парк.
-Со намалувањето на водостојот на Охридското Езеро на овој потег натрупани се големи количини тиња кои се расчистени со употреба на специјална механизација, информираа од Јавното претпријатие.
Акцијата за чистење е реализирана по налог на општинскиот инспекторат и согласно со годишната програма за вонредни активности за одржување на јавната чистота во Охрид.
OhridNews