Деновиве екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираа на повеќе локации на крајбрежниот појас од Охридското Езеро.
Подигнати се поголеми количини тешко разградлив расфрлан комунален отпад, трска и отстранета е дива вегетација. На крајот од градскиот кеј, во близина на Холандскиот Парк, се интервенираше со специјална механизација за расчистување на муљ, трска и друг вид отпад од езерските води, велат од претпријатието.
Согласно Програмата на ЈП,,Охридски Комуналец” Охрид за вонредни активности во делот на чистење на реки и речни корита, денес се изврши чистење на речното корито на реката Сушица во делот на улица „Прилепска” каде што од страна на јавното претпријатие е поставена заштитна преграда со цел превенирање и стопирање на комунален и пластичен отпад да заврши во Охридското Езеро.
Ангажирана беше специјална механизација при што беа подигнати поголеми количини на тешко разградлив отпад и пластична амбалажа и истиот беше депониран на депонијата Буково, информираат од претпријатието.

OhridNews














