Денес екипите на Ј.П. „ Охридски Комуналец“  спроведоа акција за расчистување на потегот од црквата Св.Богородица Каменско  до пресекот со ул. „ Кирил и Методиј“ .

Се расчистуваше поширокиот дел од шумскиот појас од расфрлан комунален и кабаст отпад, како и градежен шут, при што се собрани  5 метри кубни отпад .

Ваквите вонредни активности  јавното претпријатие  ги спроведува по претходно добиен налог од општинскиот инспекторат.

OhridNews