Денес екипите на јавното претпријатие „Охридски Комуналец” од раните утрински часови се ангажирани на расчистување на крајбрежјето во центарот на градот.

Денешните активности се реализираат кај хотелот “Палас”. Активирана е комбинирана машина за отстранување на големи наноси на песок и тиња од плиткиотдел од езерото.