Отпадоците од хартија, пластика, лименки и друг вид отпад кои се расфрлани покрај коловозната лента на магистралниот пат од Охрид до Св.Наум, ќе бидат расчистени во рамки на акцијата која деновиве ја започна ЈП „Охридски Комуналец“.

-Потребата од реализирање на вакви акции е неминовност која произлегува од ниската култура на поединци заради кои се стекнува генерален погрешен впечаток за хигиената на оваа делница. Не смее да дозволиме ваквите слики да ги бодат очите на туристите на оваа најфрквентна делница, информираат од претпријатието.

Акцијата за чистење е иницирана од општинскиот инспекторат и истата ќе се реализира и во текот на наредната седмица. Во акцијата за чистење се ангажирани пет комунални работници и механизација.

OhridNews