Согласно Програмата за работа на ЈП”Охридски Комуналец” и предвидените активности за вонредно чистење, денеска, јавното претпријатие организираше акција за чистење на крајбрежниот појас од наталожената тиња на потегот пред хотелот “Милениум”.


Како што информираат од јавното претпријатие, за чистење на тињата употребена е специјална механизација и опрема. Притоа се подигнати и транспортирани 35 метри кубни тиња од езерото.

OhridNews