Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера објави јавен оглас за давање под закуп на 9 хектари државно земјоделско земјиште во Охрид и 82 хектари во Струга.

 Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето за подигање на маслинарници е  50 години. За  за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, како и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам, периодот за закуп може да биде најмногу 30 години. За формирање на рибници времето на закуп не може да биде поголемо од 20 години, додека за одгледување на други земјоделски култури времетарењето на закупот предвидено е да изнесува 15 години.

-Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства или да се трговец поединец. Ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија. И за нив важи условот земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште да им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности, стои во јавниот оглас објавен на веб страницата на Министертвото за земјоделство шумарство и водостопанство.

Почетната цена по хектар изнесува 25 евра во денарска противредност за земјоделскоземјиште од 1 до 4 катастарска класа и 15 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од 5 до 8 катастарска класа. Почетната цена на земјоделското земјиште кое се наоѓа во планински подрачја, почетната цена за земјиштето од 1 до 4 катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од 5 до 8 класа изнесува 5 евра во денарска противврденост.

Максималната површина за која може да аплицира и да добие еден понудувач е 10 хектари.

OhridNews