Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини испрати специјална порака до репрезентативците, кои ги одработуваат завршните подготовки за натпреварот против Грузија во финалето од баражот во УЕФА Лигата на Нации.

Од срце им посакувам на нашите фудбалери многу среќа во финалето против Грузија. Овој тим има карактер, сила и трпение. Верувам дека ќе имаме одличен настап и победа за историја. Среќата ги следи храбрите. Покажете колку сме силни заедно. – вели во пораката Сејдини.

„Црвено жолтите“ со чартер лет в среда ќе отпатуваат во Грузија. Финалниот натпревар се игра в четврток во 18 часот.

OhridNews