На градското пристаниште денеска се правеа последните подготовки за одбележување на богојавленските празници. За непречено одржување на манифестацијата се дислоцираа бродовите во внатрешноста на пристаништето.
На самото пристаниште поставена е заштитна ограда која на медиумските екипи треба да им обезбеди непречена работа.
Екипи на црвенот крст ги поставија безбедносните пунктови, а подготвени се и чамците за интервенција во вода. Обележан е и просторот каде капачите ќе запливаат по светиот крст.
Чинот на осветување на езерските води ќе се одвива од „колцето“ кај светилникот на градското пристаниште, од каде свештено лице ќе го фрли крстот воОхридското Езеро.
Според најавите чинот на осветување на езерските води ќе започне во 10 часот, по што ќе биде фрлен крстот. Настанот и оваа година ќе има само верски карактер и ќе се одржи без културно забавни содржини и кум, што беше забележителен белег во минатото.
OhridNews