Општинскиот инспекторат денеска продолжи со подигање на дивопоставените тезги во центарланото градско подрачје.
Рокот за склучување договор со општината за поставување тезги измина, по што ќе се отстрануваат сите тезги кои немаат работна дозвола и кои не се поставени на просторот кој е наменет за оваа дејност, информираат од општинската комисија.

Тој информираше дека во текот на вчерашниот ден се отстранети повеќето од 8-те статични тезги во чаршијата, додека три тезги ќе бидат дислоцирани денеска бидејќи сеуште биле приклучени на струја и постоела опасност по извршителите.
Танасоски рече дека инспекторатрот ќе дислоцира и маси, столици и друга урбана опрема од централното градско подрачје. Во тесните делови како што е улицата Самоилова дел од кафетериите нема да добијат дозвола за поставување урбана опрема, а останатите ќе мора да ја почитуваат исцртаната граница на која треба да постават соодветни жардињери, рече Танасоски.
ќе се дислоцира урбаната опрема поставена надвор од предвидениот простор
На кафетериите кои нема да го почитуваат пропишаниот ред ќе им биде одземена опремата, вели Танасоски.
Г. Момироски












