По повод 8-ми Септември Денот на државноста, годинава по 26-ти пат ќе се организара традиционалниот Интернационален Атлетски Маратон Охрид 2012. 34 натпреварувачи во машка конкуренција и четири во женска од седум земји ќе ја трчаат патеката на 26 издание на охридскиот маратон.


– Сите подготовки се завршени за 26-то издание на Атлетскиот маратон Охрид 2012 година. Задоволни сме што ја продолжуваме традицијата на организирање на маратонот кој минатата година во недостиг на финансиски средства беше откажан. Во овие 25 маратони колку што се одржани до сега продефилирале многу атлетичари кои оставиле силен печат на охридскиот маратон. Голема благодарност до Општината на чело со градоначалникот на град Охрид, Александар Петрески како и големиот број спонзори кои овозможија возобнувувањето на меѓунарадниот охридски маратон – посочи претседетелот на организациониот одбор, Милчо Стефаноски.

Патеката од караулата Свети Наум од Охрид е долга 30 километри. Стартот е во 10 часот додека маратонците целната рамнина ќе ја поминат околу 11 часит и 30 минути. Победникот на минатите два маратони шпанецот Роиг нема да ја брани титулата.


– Да за жал Роиг нема да настапува. Го контактиравме, и ни рече дека направил свадба и сега е на “меден месец“. Со неговото учество охридскиот маратон би добил страшна конкуренција. Како фаворити за победник на овогодинешното издание на маратонот се двојат унгарскиот тандем и трократниот победник на Охридскиот маратон, србинот Јововиќ кој најави дека е одлична форма. Кај дамите конкуренцијата е мала а меѓу нив фаворит е рекордерката на Охридскиот маратон, Ана Суботиќ – истакна директорот на Атлетскиот маратон Охрид 2012, Пеце Неданов.

Вкупно 28 натпреваручи од Македонија ќе се појават на стартот од маратон додека од Охрид се имаат пријавено два маратонци меѓу кои и најмладиот Климент Лазарески кој има само 13 години.

Михаил Постоловски