Охрид вечерва ќе пулсира во ритамот на забавата. Со манифестацијата „Бела ноќ“, ќе биде означен официјалниот почеток на главната туристичка сезона.
-Во рамки на манифестацијата вечерва на три локации во градот ќе се промовираат различни форми на туризам. На штандови на плоштадот кај Чинарот ќе се промовира руралниот туризам, на неколку штандови кај Долна порта ќе се промовираат ретките занаети и занаетчиството во Охрид и на градскиот плоштад ќе бидат промовирани формите на алтернативен туризам.-изјави Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид.
Томе Џамтоски
Забавниот дел ќе се случува на градскиот плоштад каде е поставена големата бина каде вечерва ќе настапат Каролина Гочева, Панчо и ДНК и диџеите Лефанк и Ајсберг.
Манифестацијата „Бела ноќ“ ја подржаа над 90 хотели, ресторани, кафетерии, ноќни клубови и други угостителски објекти. Тие денеска ќе работат 24 часа со цени пониски од регуларните за 10 до 30 проценти.