
Покрај трката, на кејот ќе се одвиваат и бројни други спортски активности, а најјмладите ќе ги забавуваат ѕвездите од Распеано рибарче и жонглери. Паралелно ќе се одвива и крводарителска акција.
Организаторите информираат дека за сите учесници во хуманитарната манифестација предвидени се награди. Секој учесник е потенцијален добитник на една од стоте награди, а најсреќните ги чека 7- дневно зимување на Копаоник, зимуванје во х. Бистра во Маврово, зимување во х. Радика во Маврово, ТВ, ДВД, компјутерска галантерија, најразлични курсеви за странски јазици, математика и др.











