Привршуваат подготовките за големото стендап шоу на најдобриот машки стендап комичар во земјава, Никола Тодороски.
Тој вечерва од 21:00 часот ќе настапи во Центарот за култура во Охрид. На вечерашното шоу, Никола ќе изведе нов материјал, ексклузивно подготовен за оваа прилика.
Специјален гостин е Иван Кирков, еден од основоположниците на софиската стендап сцена.
Пред публиката ќе се претстави и новото име на македонската стендап сцена, младиот комичар од Битола Кристијан Танчевски.
Влезници за најголемото стендап шоу ова лето по цена од 200 денари, можат да се набават на касата при Центарот за култура, мјузик шоп „ZZ Top“ и трафиката „Фибос“ во охридската чаршија.
OhridNews