Организаторите на најголемото оро кое ќе се игра на 10 мај се надеваат дека бројот на учесници ќе ја надмине  првично предвидената бројка од 18000.

Како што информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, бројот на луѓе кои се пријавуваат и сакаат да се дел од орото кое ќе се игра од Мостот на поезијата во Струга до Инекс Горица во Охрид,  секојдневно се зголемува. Дел од него ќе се и странските гости кои престојуваат на охридско струшката ривиера.

Подготовките се направени, сметам дека една ваква организација ќе биде голема атракција не само за охридско струшкиот регион, туку и за целата држава. Дали ќе влеземе во Гинис или не е помалку важно,значајно е да се види целиот колорит кој го имаме и едноставно да се одбележат  65-те години од постоење на ансамблот Танец , да се најави новата туристичка сезона,да се одбележи Меѓународниот ден на танцот, 1000 години од Самоиловото царство, сето тоа да се спои во едно оро, сите фатени за раце да се сплотиме и заеднички да го изиграме, вели Насер Хот, советник во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.  

Хот потенцира дека сите се добредојдени да учествуваат во играњето на орото, нема ограничување во возраста,потребна е само добра желба да се учествува и да се покаже македонскиот талент.

Орото ќе се игра на површина од 18400 метри, а се очекува во Охрид да пристигнат и претставници од Гинис.  

OhridNews