Течат последните подготовки за урнебесното кабаре на професионалните актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски – „2 Mothers brothers”, кое ќе се оддржи вечерва, петок, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21:30 часот.
Љубителите на квалитетниот хумор ќе имаат можност да го проследат шоуто на Тодороски и Стаматовски, исполнето со динамични авторски песни, преработки и комичен сценски материјал.
„Се занимаваме со секојдневните проблеми на луѓето, односот мажи-жени, секојдневните работи и личностите од нашата историја кои ги ставаме со поинаква конотација. Исто така, обработуваме познати песни каде музиката ја задржуваме, а текстот го ставаме во поинаков конктекст кој воглавно е сатиричен. За овој материјал е потребно директно да се учествува во истиот. Колку повеќе учествува публиката, толку настапот е побогат.“ – велат Тодороски и Стаматовски.
Влезниците по цена од 150 денари, можат да се набават на касата при Центарот за култура „Григор Прличев“.
Местата се ограничени!
OhridNews