Се екипираат Советувалиштата за родители во училиштата
11.10.11 12:54
Поголемиот број основни и средни училишта во Охрид располагаат со потребниот кадар кој ќе раководи со педагошките служби, кои задолжително треба да ги има секое училиште од почетокот на идната година.
– Исклучок е Средното угостителско училиште “Ванчо Питошески” во кое засега нема вработен педагог или психолог. Во некои од училиштата има вработено вакви стручни лица, а во некои таа дејност ја обавува едно лице. Барањето за вработување на потребните кадри за формирање на педагошките служби е испратено до министерството за образоавние, но досега не сме добиле одговор. При тоа, најавени се казни за училиштата кои нема да ги формираат педагошките служби, но она што може да се направи од наша страна го правиме, вели Серафим Наумовски од одделението за образование на Секторот за јавни дејности при Општина Охрид.
Наумовски потенцира дека формирањето на ваквите служби се повеќе од потребни за училиштата и се надева дека со нивното функционирање во голема мера ќе се придонесе кон подобрување на однесувањето на одредени ученици.
Согласно измените на законот за образование, од почетокот на идната година, во секое училиште задолжително ќе треба да функционира Советувалиште за родители, со кое ќе раководи педагошка служба составена од стручни лица- психолог, педагог и социолог.Основната задача на советувалиштето е да воспостави контакт и ги советува родителите чии деца имаат проблематично однесување и слаби оценки во училиштата, а не се појавуваат на групните или индивидуални термини за средба со класните раководители.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на на...
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Наградата „Драги“, воспоставена во чест на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист кој остави траен белег во македонската култура со препевите на целокупното дело на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.