Како што пред малку информира канал 5 телевизија, во моментов се врши итна евакуација на вработените во Европскиот парламент. Сите затекнати во зградата се упатуваат надвор од парламентот.


Веста за Канал 5 ја потврди европратеникот Милан Звер кој изјавил дека сите негови колеги се принудени да излезат поради најавена опасност. Биле вклучени и алармите за тревога и веднаш било побарано од сите вработени да излезат надвор.

Во моментов не се знае која е причината за евакуацијата.

OhridNews