НВО “Локална Агенција за Развој” – Струга, и Црвен Крст – Охрид, утре во Охрид ќе потпишат Меморандум за соработка во борбата против семејното насилство. Меморандумот предвидува формирање на Координативно Тело за општина Охрид и дефинирање на работните тимови кои ќе ги спроведуваат активностите.
Оваа активност е дел од проектот „ Театар на Потчинети – образовна алатка за промени во однесувањето“ имплементиран од Локалната Агенција за Развој од Струга и финансиран од УНФПА.












