Посебен Одбор што ќе го формира Советот на Општина Охрид ќе ја реализира  изградбата на споменик на револуционерот Христо Узунов во Охрид.

Според најавите споменикот на Узунов ќе биде подигнат на малиот поштад кој треба да се изгради на просторот каде се наоѓаше сега урнатата стара градска библиотека. Во тек е изработка на ДУП за УЕ1-Табана, со кој е предвидена зградба на споменик на големиот охридски револуционер во центарот на Охрид. На тој начин градот сака да му се оддолжи на Узунов на храбрите дела и неговиот придонес во борбата за слободна и независна Македонија. Христо Узунов(22 февруари 1878 – 24 април 1905 година)  го претставува охридското револуционерно движење во времето на самосозревање на македонскиот народ.

Одлуката за формирање на Одбор  за изградба на споменикот на Христо Узунов, ќе се најде на дневен ред на 61-та седница на Советот на Општина Охрид која ќе се одржи во понеделник -29 декември.


Ohridnews


ј