Покрај радијата и телевизиите, новиот Закон за медиуми кој треба да биде готов во април догодина, ќе  ја регулира работата и на печатените медиуми и интернет порталите во Република Македонија. Ова го најави Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, на вчерашната презентација за потребата од изготвување на овој закон. Тој нагласи дека домашното законодавство за аудиовизуелни и медиумски услуги, мора да се усогласи со законодавството на Европската Унија.

– Целта е во наредниот извештај на Европската Комисија да добиеме што помалку или ниедна забелешка во делот на медиумите и слободата на изразување, како и да добиеме подобар медиумски амбиент – рече Јанакиевски.

Во моментов, според  Законот за радиодифузија регулирани се само линераните медиумски услуги, односно класичните радија и телевизии, додека за останатите медиуми нема законски утврдени правила за функционирање.

Најевеното регулирање на печатените медиуми и интернетот, предизвика реакции кај ЗНМ и другите асоцијации од медиумската сфера. Тие велат дека не е европска практика со закон да се регулираат весниците, а реагираа и на краткиот  рок за подготовка на новиот закон.

OhridNews