Поставена на северната страна во дворот на црквата, камбанаријата висока над 18 метри е во духот на христијанството и според традицијата и каноните на МПЦ. Камбанаријата изработена од бетонска конструкција, ќе биде обложена со природен материјал со највисок квалитет, како и црквата, а околу прозорите ќе има декоративна тула. Качувањето во камбанаријата ќе биде по скали од челична конструкција.
Црквата Свети „Јован Крстител“ е донација на “Адора Инженеринг“ и ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец со семејството на општина Аеродром, каде компанијата има најголеми инвестиции, за граѓаните на Скопје и Македонија.












