Во тек се градежни активности за изградба на резервоар за вода во село Подмоље.
Со овој зафат се очекува решавање на горливиот проблем со водоснабдувањето кој со години го имаат жителите на ова населено место, велат од Општина Охрид.
Резервоарот има капацитет од 100 метри кубни и се гради по сите најсовремени стандарди за водоснабдување. Градежните активности ги изведува ДОО „Бокоп“, а средствата за целокупната инвестицција во висина од 3.117.752 денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информира локалната самоуправа.
OhridNews












