Во тек се градежни активности на екипи од јавното претпријатие „ Нискоградба“ за изградба на тротоар на дел од улицата „ Јане Сандански“ на потегот од раскрсницата кај гимназијата „ Св. Климент Охридски“ кон кејот на езерото.

Овој потег кој до сега беше незаштитен и небезбеден за движење на пешаците претставуваше и проблем за жителите кои живеат на овој дел од улицата, бидејќи при врнежи водата често се слеваше во нивните куќи и дворови, објаснуваат од јавното претпријатие.

Новиот тротоар ќе бид ево должина од 100 метри.

OhridNews