Интензивно се одвиваат градежните работи за реконструкција на улицата „Јане Сандански“, информира локалната самоуправа.

Се изведува нова водоводна линија во должина од 700 метри и две секундарни линии од двете страни на улицата со вкупна должина од 1200 метри. Исто така се работи на нови приклучоци на домаќинствата и се поставува нова фекална канализација во должина од 400 метри со димензии Ф300. Бидејќи се работи за сложени активности, можни се повремени прекини во водоснабдувањето и отежнато одвивање на сообраќајот. Поради тоа апелирам до жителите на улицата и граѓаните на Охрид за поголемо трпение и поддршка во текот на реализацијата на овој значаен проект.- информира градоначалникот Георгиески.

На улицата АСНОМ, пак, се уредува тротоарот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до пресекот со улица „Кеј Македонија“.

Се поставува нова тампон подлога и се врши прередување на веќе поставените бехатон плочки. Поради значителни оштетувања, на одредени места се поставуваат и нови бехатон плочки. Активностите се дел од програмата за уредување на градежно земјиште, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. – информира локалната самоуправа,

Општината најави дека во текот на наредниот период планирано е уредување на тротоарите на уште неколку улици во градот каде што има значителни оштетувања.

OhridNews