Изготвување на анализа за изводливост и финален проект за изградба на жичарницата на планината Галичица, обезбедување на бесплатен безжичен Интернет за граѓаните и посетителите на Охрид,  изведба на проекти од сферата на енергетската ефикасност и заштеда на енергија, заеднички проектни апликации за користење на финансиски средства од Транснационалните програми на Европската Унија. Ова се дел од активностите кои биле договорени со првите луѓе на  градот Марибор, во текот на втората посета на  делегацијата на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Александар Петрески.



– Посебна чест ни е да соработуваме со Вас затоа што и Вие, како нас, успевате да остварите извонредно високи резултати, иако сте опозиција во однос на централната власт- истакнал при посетата градоначалникот на Марибор Франц Канглер.

Градоначалникот Александар Пеетрески изразил благодарност за искрената поддршка на градската власт на Марибор, но и оптимизам дека гаранција за реализирањето на планираните проекти е искуството на нивната администрација за користење средства од фондовите на ЕУ.

На средбата било договорено , што поскоро да започне подготовката на заедничките проекти за кои ќе бидат задолжени  тимовите од Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид и Секторот за економски развој од Марибор.

Ohridnews