Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари средба со претставници од научните институции, државните органи, невладиниот сектор и локалната администрацијата, вклучени во активностите за заштита на животната средина на која беше разговарано околу динамизирање на активностите за заштита и ревитализација на Студенчишкото блато.
Како што беше утврдено на состанокот, пред да се донесе ревизијата на Студијата за заштита на Студенчишкото блато и негово ново зонирање, стручните лица и градоначалникот Бакрачески ќе го посетат просторот за кој од страна на Секторот за урбанизам треба да се изготви посебна информација за сегашната состојба, според која ќе се види кој дел е сочуван и треба да биде строго заштитена зона.
Студенчишкото блато е дел од проектот за прогласување на Охридско- преспанскиот регион за биосферен резерват под заштита на УНЕСКО.
OhridNews