Деновиве започнаа градежни активности од втората фаза од изградбата на улицата „Македонски Просветители“. Општина Охрид и изведувачот ЈП Илинден во уште поголема мера ќе ги интензивираат работните капацитети на овој инфраструктурен објект, велат од општината.
Според предвидениот динамички план и се разбира согласно временските услови на терен, Општина Охрид има намера во целост да ги интензивира сите свои капацитети за што поскоро завршување на овој градежен објект, велат од општината.
Општина Охрид преку јавните претпријатија работи на поставување на комуналната инфраструктура, ЈП Водовод постави систем за наводнување на зелениот појас на првата фаза од улицата, а ЈП Нискоградба изврши чистење на мрежата на атмосферска и фекална канализација на овој потег од улицата, додаваат.
Значајно е да се напомене дека Општина Охрид за прв пат презеде градежни активности за поставување на мрежа за кабелска и друга канализација на овој инфраструктурен објект со што во иднина по завршувањето на градежните зафати на улицата би се избегнале прекопи од страна на кабелските оператори и други оператори, потенцираат од општината.
Н.С.Ј.













