При спроведена акција еден ден подоцна, во водите на Глобочичко езеро, во непосредна близина на браната кај с.Глобочица , повторно се запленети 10 мрежи за излов на крап, карас, скобуст, клен со вкупна должина од околу 400 метри. Сторителите на недозволениот риболов за време на втората контрола не се пронајдени и се превземаат сите неопходни мерки за пронаоѓање на сторителите.
Риболовниот алат е предаден на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата), а против сторителите кои се затекнати на лице место ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Заедничките контроли на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид и припадници на СВР – Охрид ќе се интензивираат во наредниот период, потенцираат од инспекторатот.