Новиот кум на празникот Богојавление – Водици 2010 година , ќе биде избран денеска на седница на Управниот одбор на Здружението на граѓани „Богојавление“. Организаторот на манифестацијата најавува повеќе новини за претстојниот празник, а испратена е и апликација Водици во Охрид да влезат во Гинисовата книга на рекорди како најмасовен верски обичај на фаќање на чесниот крст.












