Согласно новиот Закон за органско земјоделско производство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во процес на  изготвување и избор на нова национална ознака за органски производ.


Предлог решенијата за националното лого за органски производи

За вклучување на пошироката јавност, заради транспарентност и  прифатеност на националната ознака, министерството, на својата веб страница нуди линк со 5 предлог идејни решенија. Сите заинтересирани граѓани  кои сакаат да учествуваат во изборот  на националната ознака ќе можат да го сторат тоа со гласање на веб страницата на Министерството за земјоделство (www.mzsv.gov.mk).

OhridNews