Состојбата со квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, а поврзано со вредноста на параметарот матност, постепено се нормализира, информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Денешните (29.11.2018) мерења на матноста на мерни места во градот Струга и во селата приклучени на градскиот водовод покажуваат дека вредноста за параметарот матност е во границите на законски дозволените вредности. Во тек се пошироки физичко-хемиски и микробиолошки анализи на земените примероците на вода за пиење во лабораториите на Центар за јавно здравје Охрид, после што наодите од анализите ќе бидат доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување. – велат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Како што информираа надлежните служби, причина за заматување на водара во градскиот водовод во Струга се обилните врнежи од дожд, поради што Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за забрана за употреба.