Деновиве беше објавен јавен повик за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост, за подигнати долгогодишни насади во Струшкиот регион, катастарска општина Враниште.

Според конкурсот кој е објавен на веб страницата на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предмет на постапката за издавање под закуп може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето под закуп.

Максималната површина за која може да аплицира и да ја добие еден понудувач е 10 хектари, а времетраењето на закупот може да биде најмногу 30  години . Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар, која можат да ја понудат заинтересираните понудувачи изнесува  5.240 денари.

Освен во струшко, вакво земјоделско земјиште се издава и во Неготино, Кавадарци, Радовиш, Гевгелија, Битола, Струмица и Делчево.

OhridNews