Од ЈП Градски Гробишта ги известуваат сите правни и физички лица дека се издаваат под закуп времени објекти – тезги за продажба на цвеќе во Градските гробишта.     Тезгите се поставени на влезот од Градските Гробишта, на потегот од чуварската ќуќичка према гробиштата, означени со редни броеви 1, 2, 3, 4 и 5. Истите ќе бидат издадени по пат на лицитација,  јавно усно надавање, за период од една година, почетна цена за секоја тезга е 4.500 денари.

Лицитацијата ќе се одржи на ден 09.08.2013 година,вторник, со почеток во 10.00 часот во административните простории на ЈП Градски Гробишта Охрид.

Право на учество имаат сите правни и физички лица регистрирани за вршење на дејноста за која се наменети тезгите и ќе достават  свои пријави во рок од  осум  дена од денот на објавувањето на огласот. Покрај пријавите заинтересираните треба да достават и доказ за регистрирана дејност Решение од Централен Регистар за правни лица, а за физички лица уверение или потврда  од Централен Регистар односно од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство.

Пријавите треба да содржат и број на тезгата за кој пријавениот е заинтересиран. Треба да бидат доставени во затворен плик на кој ќе стои точната адреса на издавачот на тезгите: ЈП Градски Гробишта Охрид ул. 15ти Корпус бб Охрид, со назнака “за оглас за закуп на тезги”.

Сите заинтересирани за подетални информации можат да се јават во административните простории на ЈП Градски Гробишта Охрид секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот или на телефон 267 – 268 .

OhridNews