Поради обилните врнежи попладнево се излеа Поројска река во тетовско, поради што од 17:00 часот сообраќајот по регионалниот пат „Тетово -ГП.Јажинце“ е во прекин кај с.Порој.

Урнат е еден дрвен мост и поплавени се земјоделски површини, но нема загрозени домови.

Оваа река се излеа и во 2015 година кога настрадаа пет лица.

OhridNews