Поради обилни врнежи од дожд и снег во текот на вчерашниот ден во Охрид дојде до излевање на реката Сушица во населбата Ласкајца, при што се поплавени подрумски простории и соби од куќите, соопшти Центарот за управување со кризи.

Оттаму информираат дека од страна на ГП „Илинден“ од Струга ангажирана е екипа која со помош на багер за копање на канал интервенирала за извлекување на водата од објектите.

Ohridnews