Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај е умерен, информира АМСМ.
Во период од 15.10.2016 година до 17.10.2016 на патот Р-1305 Битола- Демир Хисар- Кичево, во Демир Хисар, во близина на душевната болница, се изведуваат градежни работи и сообраќајот се пренасочува по други улици.
На ден 18.10.2016 година (вторник) од 21 до 22 часот ќе се изврши привремено затворање на тунелот Демир Капија на државниот пат А1, делница Демир Капија – Гевгелија за сите категории на возила, поради извршување на активности за изградба на јавен пат за време на инспекција за безбедност на патишта – инспекција на тунел Демир Капија.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
OhridNews