Пред слушателите на тренинг-едукацијата од Министерството за внатрешни работи, од судските инстанци, од Центрите за социјална работа и претставниците на невладините организации, се презентираат повеќе теми поврзани со домашното и родовото насилство, креирање на систем за заштита од насилството, а предвидено е и презентирање на заеднички протокол за постапување во случај на домашно насилство, како и презентација на британскиот модел-МАРАЦ, за превенција на високоризични случаи на семејно насилство.
Во рамките на дводневната тренинг-едукација, се согледуваат и спецификите во полициското постапување по американскиот ДУЛУТ модел за интегриран пристап во решавањето на семејното насилство.