Наместо да уживаат во уредените хортикултурни површини низ Охрид, дел од нашите сограѓани континуирано крадат садници од градските паркови, информираат од ЈП Охридски Комуналец.


Последен ваков пример претставува синоќешното крадење на трендафили и очиња од паркот  пред Центарот за култура “Григор Прличев”. Голем број садници од видот лоницера, се украдени и од паркот кај “Скејт-паркот” кој е лоциран во близина на сообраќајната полиција.

OhridNews