Претседателот на Комисијата за финансии и буџет, Ахмет Пател, образложи дека се воспоставува економска рамнотежа помеѓу приходите и расходите на буџетот во текот на фискалната година. „Се работи за цикличен буџет, кој може да се менува во текот на годината. Оваа практика е воведена во сите земји. Никој не може однапред да предвиди дали проектираниот буџет на почетокот од секоја година, ќе е еконмски исплатлив. Затоа постои овој ребаланс на буџетот. Зголемвуање имаме во секторот за јавна чистота и тоа од 14 на 18 милиони денари, додека отстапки имаме во секторот за комунален развој“ – вели Пател.
Советниците од Вмро-Дпмне не се согласија со овој ребаланс на буџетот. Според Дејан Пановски, недомаќинското работење на општината довела до ребаланс. „Имаме 11 отсто дупки во самите приходи што е несфатливо. Поголем проблем се јавува во расходната страна. Скратени се сите капитални ивестиции како улици и патишта, јавно осветлување, а од друга страна зголемени се трошоците за репрезентација и дневници. Ставката за уредување на градежно земјиште, како најзначајна за развојот на општината е намалена од 167 на 110 милиони денари. Скратен е буџетот за реконструкција на улици и патишта за 21 милион, додека зголемување имаме на расходите. Буџетот за репрезентации и патувања е зголемен од 600 000 на 2 милиони. Ова е апсолутно несфатливо. Проблем плус е и тоа што неисплатени се осум советнички паушали, што претставува несериозен однос кон советниците од страна општината.“ – изјави Дејан Пановски, од советничката група на Вмро – Дпмне.
Инаку на денешната седница, на дневен ред беше и дополнителна точка, со која се предвиудува снабдување на општината со нафта наменета за средните и основните училишта во Охрид. 60 000 литри нафта е доделена од страна на Владата, а општината е должна да го плати ддв-то, акцизата и транспортот. Предлог одлуката беше едногласно усовена од страна советниците.