Во рамки на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици во тек е акцијата за крпење на ударни дупки и санација на прекопи и навлаки низ улиците на целата територија на општина Охрид.
-Оваа градежна активност се одвива според однапред утврден план и динамика за делување на терен и се работи во неколку етапи. Бехатон плочките од ударните дупки се заменуваат со асфалтен материјал. Санацијата на ударните дупки започна во централното градско подрачје, за на крај да се вршат санации на прекопи и навлаки низ периферијата на градот и селските подрачја,м информираат од општина Охрид.
Оттаму објаснуваат дека санација на ударните дупки се вршела на улицата „ Ванчо Питошески“,краци на улиците „ Ристо Чадо“, „ 7-ми Ноември“, „Прва македонска ударна бригада“, „Кленоец“, „ Српница“, „ Веле Марко“, „ 15- ти Копрпус“, „ Лазо Трпоски“, „ Никола Карев“, „ Галичица“, „ Мирче Ацев“, „8- ми Септември“, „ Карпош Војвода“, „Стив Наумов“, „Дејан Војвода“, „ Крали Марко“, „ Абаз Емин“, влезот на Општата болница, делот од околу 400 м2 кај новиот плоштад кај мини- маркет, прекопи кон месноста „Горица“ и кон село Трпејца.
Акцијата за крпење на ударните дупки се реализира во рамките на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности и по барањата на претставниците на урбаните и месните заедници кои претходно беа посетени од страна на стручните служби на Локалната самоуправа.
OhridNews