
– Имаме испратено барање до локалната самоуправа и надлежното министерство со цел да се одобрат потребните средства за санација на покривите од сите објекти кои функционираат во рамки на детската градинка “Јасна Ристеска”, но додека чекаме на одговоор, временските неприлики не принудија да извршиме делумна санација на покривот во градинката Росица, вели директорот Марина Петроска Тодороска.












