Задолжителниот праг за регистрација за целите на ДДВ од 2 милиони денари ќе важи за сите даночни обврзници што во текот на 2011 година ќе остварат промет над 2 милиони денари, почнувајќи од јануари.
Даночниот обврзник што заклучно со 31 јануари 2011 година остварил вкупен даночен промет над 2 милиони денари ќе има обврска да поднесе пријава ДДВ-01 најдоцна до 15 февруари 2011 година“, информира Управата за јавни приходи.