Охрид забрзано се подготвува во пресрет на главната туристичка сезона. Се уредуваат сообраќајниците и зеленилото, а деновиве започна и поправката на уличното осветлување. Се менува осветлувањето на крстосниците на булеварот „Туристичка“ каде сообраќајот е и најфреквентен.
Од локалната самоуправа најавуваат дека Охрид подготвено ќе ја дочека главната туристичка сезона. И натаму најголем проблем останува чистењето на плажите кои не се издадени под концесија за што решение ќе се бара во преговорите со надлежното министерство за транспорт и врски.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com