Интер е петтиот патник во четвртфиналето од Купот на Италија. “Нероазурите“ на домашен терен со 2-0 ја совладаа екипата на Верона.


Антонио Касано во 50-та и Гуарин во 54-та минута брзо го пробија ѕидот на Верона и го осигураа пласманот во најдобрите осум.


Во четвртфиналето пласман од поодамна обезбедија Рома, Јувентус, Милан и Катанија. Останатите три патници во најдобрите осум ќе ги дадат дуелите Лацио – Сиена, Удинезе – Фиорентина, Наполи – Болоња.

Мх.П.